TOC

This article is currently in the process of being translated into Macedonian (~99% done).

Getting started:

Hello, world!

Доколку некогаш имате учено програмски јазик, знаете дека сите тие почнуваат со "Hello world!" пример, и кои сме ние да ја прекинеме оваа фина традиција? Започнете со Visual Studio Community ( опишана во последната глава), и селектирајте File -> New -> Project. Од прозорецот на проектот селектирајте ја Console App(.NET фрејмворк).Ова е најосновниот тип на апликација на системот на Windows, но е добар за учење на јазикот.Еднаш откако ќе кликнете на OK,Visual Studio креира нов проект за тебе,вклучуваќи фајл наречен Program.cs. Тука е целата забава, и тоа би изгледало нешто вака:

using System;
using System.Collections.Generic;
using System.Linq;
using System.Text;
using System.Threading.Tasks;

namespace ConsoleApp1
{
    class Program
    {
static void Main(string[] args)
{
}
    }
}

Всушност, сите овие линии не постигнуваат ништо,или барем тоа може да изгледа така.Пробајте да ја извршите апликцијата со притискање на F5 на тастатурата. Ова ќе го направи Visual Studiо да го компалира и извршува вашиот код. Веројатно ќе видете извршување на црн прозорец кој повторно ќе се затвори. Тое е така бидејќи нашата апликација сеуште не прави ништо.Во наредното поглавје ќе одиме низ овие линии за да видеме за што се сите тие, но за сега, ние навистина сакаме да видеме некаков резултат, па ајде да се преправаме дека знаеме се за C # и да додадеме неколку линии за да добиеме извесен излез.Внатре во последиот сет на { }, додадете ги овие линии:

Console.WriteLine("Hello, world!");
Console.ReadLine();

Кодот на вашата прва апликација би изгледал вака:

using System;
using System.Collections.Generic;
using System.Linq;
using System.Text;
using System.Threading.Tasks;

namespace ConsoleApp1
{
    class Program
    {
static void Main(string[] args)
{
Console.WriteLine("Hello, world!");
Console.ReadLine();
}
    }
}

Уште еднаш повторно, кликнете F5 за да ја стартувате, и ќе видете дека црниот прозорец всушност стои, па дури и да го покажеме нашиот поздрав до светот. Океј, ние додадовме две линии од код, но што тие прават ? Една од убавите работи на C# и .Net фрејмворкот е фактот дека голем дел од кодот му прави смисла дури и на нетренирано око, што го покажува примерот.

Првата линија користи Конзолна класа за да изведе линија од текст,и втората чита линија од текст од конзола. Чита? Зошто? Всушност ова е еден вид трик, бидејќи без тоа само ќе заврши и ќе го затвори прозорецот со излезот пред некој да го види.

ReadLine командата и кажува на апликацијата да чека за влез од корисникот, и како што ќе забележете, конзолниот прозорец сега ви дозволува да внесете текст. Притиснете Enter да го затворете. Честитки, Само што ја креиравте вашата прва C# апликација! Прочитајте во наредното поглавје за уште повеќе информации за тоа што всушност се случува.